свет

Израелскиот безбедносен кабинет го одобри договорот за прекин на огнот во Газа и размена на затвореници

Израелското Армиско радио објави дека тројца министри гласале против договорот

Mohammad Sıo  | 17.01.2025 - Обновена : 18.01.2025
Израелскиот безбедносен кабинет го одобри договорот за прекин на огнот во Газа и размена на затвореници

КУДС (ЕРУСАЛИМ) (АА) - Израелскиот безбедносен и политички кабинет денес го одобри договорот за размена на затвореници и прекин на огнот во Газа, и покрај јавувањата дека тројца министри се противат на тоа, јавува Анадолу.

Кабинетот за безбедност е составен од 11 министри. Договорот со Хамас ќе биде доставен до владиниот Кабинет подоцна во текот на денот, со очекување за негово одобрување.

Според соопштението од Кабинетот на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, „по евалуацијата на сите политички, безбедносни и хуманитарни аспекти и утврдувањето дека предложениот договор е во согласност со целите на војната, Министерскиот комитет за прашања на националната безбедност (Политичко-безбедносниот Кабинет) препорача Владата да го одобри предложениот план“.

„Се очекува владиниот Кабинет да се состане подоцна денеска“, се вели во соопштението.

Во меѓувреме, израелското Армиско радио објави дека тројца министри гласале против договорот: министерот за финансии Безалел Смотрич, министерот за национална безбедност Итамар Бен-Гвир и министерот за регионална соработка Давид Амсалем, член на партијата Ликуд.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.