Eshat Fırat
27 Декември 2017•Ажурирај: 27 Декември 2017
РАМАЛА (АА) - Израелскиот суд го пушти на слобода 16-годишниот Палестинец, Февзи ел Џунејди, кој стана симбол на отпорот во Кудс, откако светот го обиколи неговата фотографија на која се гледа како со превез на очите го носат израелски војници, јавува Anadolu Agency (AA).
Израелскиот воен суд во Рамала денес одлучи на Џунејди да му се суди од слобода, а за неговото ослободување од притвор е платена кауција во вредност од 10.000 израелски шекели (2.800 долари).
Адвокатот на Џунејди, Фера Дебаисе, за АА потврди дека израелскиот суд одлучил Џунејди да излезе на слобода, по 21 ден поминат во притвор, односно да се одбие барањето на обвинителството за продолжување на притворот. Адвокатот додаде дека Џунејди на 14 јануари 2018 година ќе биде изведен повторно пред судот.
Голем број израелски војници на 7 декември оваа година го приведоа Февзи ал Џунејди во градот Хеброн, со превез на очите. Фотографијата на која се гледа како воооружените војници го носат 16-годишното момче го обиколи светот, а младиот Палестинец стана симбол на отпорот.