Aybala Arpacı
25 Мај 2016•Ажурирај: 26 Мај 2016
ПАРИЗ (АА) - Во рамките на протестите организирани против обидот на владата низ парламентот да биде одобрен новиот нацрт-закон за работни односи, се приклучуваат и вработените во нуклеарните централи, пренесува Anadolu Agency (AA).
Најголемата француска работничка конфедерација CGT, ги повика синдикатите за енергетика во нуклераните централи кои се нејзини членови, да ја прекинат работата.
По повикот беше соопштено дека по полноќ ќе престане со работа нуклеарниот реактор во Ножан-сур-Сен, во францускиот департмент Об.
Од друга страна се дознава дека поради штрајкот на рафинериите кој започна кон крајот на минатата недела, Француската нафтена индустрија (UFIP) започнала да ги користи стратешките нафтени резерви.
Потпаролот на UFIP, Кетрин Енк соопшти дека со дозвола од државата користат дел од државните нафтени резерви. Претседателот на UFIP, Франсис Дусо, изјави дека користат нафта од резервите која ги задоволила нивните дводневни потреби. Тој истакна дека во најлош случај, три месеци ќе можат да ги користат државните резерви.
Од 12.000 илјади бензиски пумпи во Франција, 2.400 останаа без гориво поради штрајкот на сите осум рафинерии во државата.
Синдикатите соопштија дека ќе се зголемат димензиите на протестите и нема да се повлечат доколку владата не го тргне новиот нацрт-закон.