Mehmet Şah Yılmaz
02 Јануари 2022•Ажурирај: 03 Јануари 2022
Министерството за надворешни работи на Турција побара да се фатат сторителите на нападот врз муслиманските гробишта во Германија и да ја добијат казната што ја заслужуваат, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во писменото соопштение на ова министерство се наведува дека со жалост ја примиле веста за нападот врз муслиманските гробишта во германскиот град Изерлон.
Според соопштението, овој напад извршен ноќта на Новата година е нов показател на болниот антиисламски менталитет што во последен период е во раст во Европа и што ги има како цел дури и муслиманските гробишта.
„Посакуваме да се откријат сторителите на овој напад и да ја добијат казната што ја заслужуваат. Посакуваме да се преземат потребните мерки со цел да не се случуваат вакви настани“, се вели во ова соопштение.