Turgut Alp Boyraz
27 Ноември 2017•Ажурирај: 28 Ноември 2017
ЕРУСАЛИМ (АА) - Израелските војници на окупираниот Западен Брег приведоа 18 Палестинци, јавува Anadolu Agency (AA).
Како што соопштија безбедносните сили на Израел, во текот на ноќта се извршени упади на неколку локации на Западниот Брег, во коишто Палестинците се приведени поради учество во терористички активности.
Според официјалните палестински податоци, во затворите во Израел моментално се затворени повеќе од 6.300 Палестинци, а меѓу нив се наоѓаат околу 400 малолетници.