Ekrem Biçeroğlu
14 Јануари 2023•Ажурирај: 16 Јануари 2023
Двајца Палестинци го загубија својот живот како резултат на отворениот оган од страна на израелските сили во градот Џенин во окупираниот Западен Брег, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според веста на палестинската официјална новинска агенција ВАФА, 24-годишниот Изедин Хамамира и 23-годишниот Емџед Аднан Халилије биле убиени во нивното возило додека патувале кон работа во подрачјето Џебе во Џенин.
Во веста не се дадени детали околу причината за отворениот оган врз возилото од страна на израелските војници.
Почина Палестинецот ранет на 2 јануари од израелски војници
Од друга страна, во писменото соопштение на палестинското Министерство за здравство се истакнува дека во болница почнал 19-годишниот Језин Самир ел-Џабери, кој во рамки на рацијата извршена на 2 јануари во градот Џенин беше ранет од страна на израелските војници.
Според податоците на Министерството за здравство, бројот на Палестинците убиени од страна на израелските војници од почетокот на годината досега се искачи на 12, од кои 3 се деца.