Ahmet Dursun
14 Јануари 2023•Ажурирај: 16 Јануари 2023
Во иранската покраина Елбурз се сруши авион за обука со лесен мотор, при што се повредени 2 лица кои се наоѓале во авионот, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според веста на иранската државна телевизија, авионот за обука се срушил во градот Фердис при покраината Елбурз.
Се истакнува дека во несреќата се повредени 2 лица кои се наоѓале во авионот, но дека се во добра здравствена состојба.
Како што се наведува во веста, сè уште не е откриена причината за рушењето на авионот, а продолжува истрагата за откривањето.