Said İbicioğlu
20 Август 2020•Ажурирај: 21 Август 2020
ГАЗА
Израелската војска го таргетираше Појасот Газа со артилериски гаѓања, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Информацијата преку соопштение објавено на Твитер ја потврди израелската војска.
Во соопштението се вели дека со артилериски гаѓања се погодени позициите на Хамас во Газа.
Се истакнува дека овие напади се извршени како одговор на лансирањето на „запаливи балони“ од Газа кон Израел.
Според соопштеното, во нападите погодена е набљудувачката точка на бригадите „Изедин ел Касам“, кои се воена гранка на Хамас.
Исто така, се нагласува дека во нападот нема жртви или повредени.