Sayed Khodaiberdi Sadat
20 Август 2020•Ажурирај: 22 Август 2020
КАБУЛ
Талибанските милитанти извршија оружен напад врз караула на безбедносните сили во авганистанската североисточна покраина Тахар, при што животот го загубија 14 припадници на безбедносните сили, јавува Агенција Анадолија (АА).
Портпаролот на полициската дирекција во Тахар, Халил Есир, во изјава за медиумите истакна дека милитантите извршиле оружен напад врз караулата на безбедносните сили во селото Лала Гузер во подрачјето на Хоџа Бахадин кое се наоѓа во Тахар.
Есир информира дека во нападот загинале 14 припадници на безбедносните сили, од кои еден војник, додека четири лица од безбедносните сили се повредени.
Според Есир, во судирот кој се случил по нападот, исто така и милитантите претрпеле загуба на животи.
Талибанците сѐ уште не дале изјава околу овој случај.