Dmitri Chirciu
20 Август 2020•Ажурирај: 21 Август 2020
МОСКВА
Лидерот на руската опозиција, Алексеј Навални, е хоспитализиран поради симптоми кои укажуваат на труење, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Кира Јармиш, неговата гласноговорничка, на социјалните мрежи објави дека Навални почнал да чувствува тешкотии во текот на летот на враќање во Москва од сибирскиот град Томск.
Истакна дека Навални е во несвесна состојба и дека се наоѓа во единицата за интензивна нега во болницата каде што е сместен по итното слетување на неговиот авион.
По итното слетување во Омск, Навални е префрлен во болницата поради сомневање за труење.
„Се сомневаме дека е затруен со нешто што е ставено во чајот бидејќи тоа е сѐ што зел утрото. Лекарите велат дека во жешка течност токсинот бргу се шири низ телото“, рече Јармиш.
Александар Муравскиј, главниот лекар на болницата, за руската новинска агенција ТАСС дека Навални се наоѓа во тешка ситуација.