Mustafa Deveci
12 Март 2019•Ажурирај: 14 Март 2019
ЕРУСАЛИМ (АА) - Израелските сили приведоа 11 Палестинци во окупираниот Западен Брег, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според писменото соопштение на израелската војска, во операциите извршени синоќа, во различни места на Западниот Брег, приведени се 11 Палестинци под изговор дека биле вмешани во „терористички активности“.
Се наведува дека приведените Палестинци се пренесени во центрите за притвор, каде што ќе бидат испрашувани.
Израелските сили често вршат рации во окупираните Западен Брег и Источен Ерусалим (Кудс), и под различни тврдења приведуваат Палестинци.
По приведувањата кои во Западен Брег и Ерусалим станаа вообичаени, дел од приведените Палестинци, меѓу кои и деца и жени, со денови се држат во центрите за притвор.
Според официјални палестински извори, во израелските затвори се наоѓаат околу 6.000 Палестинци, од кои 430 административни притвореници и 270 деца.
Израел, со практиката наречена „административно притворање“, во зависност од разузнавачките информации, може да приведува Палестинци и да ги држи во притвор од 1 до 6 месеци.
Ако притвореникот се смета за „опасност за безбедноста на Израел“, воениот судија може да му го продолжи времетраењето на притворот до 5 години.