Hussein Abd El-Fettah,Hamdi Yıldız
12 Март 2019•Ажурирај: 13 Март 2019
КУВАЈТ (АА) - Првиот заменик-претседател на Светската банка (СБ), Махмуд Мухјидин, истакна дека арапските земји се први во светот во однос на несоодветна распределба на приходите, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според веста на официјалната новинска агенција на Кувајт (КУНА), Мухјидин, во рамки на неговата посета на оваа земја, истакна дека арапските земји претрпеле загуба од 900 милијарди долари поради војните предизвикани во периодот од 2010 до 2018 година и испуштените можности за развој.
Мухјидин нагласи дека арапските земји се први во светот во однос на несоодветна распределба на приходите.
Според него, тие како Светска банка очекуваат цената на нафтата за барел во 2019 и 2020 година да изнесува меѓу 69 и 74 долари.