Esat Fırat
03 Јули 2019•Ажурирај: 03 Јули 2019
ЕРУСАЛИМ
Израелските сили приведоа 15 Палестинци во окупираниот Западен Брег, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според соопштението на израелската Војска, во операциите извршени синоќа во различни места на Западниот Брег, приведени се 15 Палестинци, под изговор дека биле вмешани во „терористички активности“.
Во соопштението се истакнува дека приведените Палестинци се пренесени во центрите за притвор.
Израелските сили често вршат рации во окупираните територии на Западниот Брег и Источен Ерусалим (Кудс), и под различни образложенија приведуваат Палестинци.
По приведувањата, кои на Западниот Брег и во Источен Ерусалим станаа вообичаени, дел од приведените Палестинци, меѓу кои има деца и жени, со денови се држат во центрите за притвор.
Според официјални палестински извори, во израелските затвори има 5.700 Палестинци, од кои околу 500 административни притвореници и 230 деца.
Израел, со практиката наречена „административен притвор“, во зависност од разузнавачките информации, може да приведе Палестинци и да ги држи во притвор од 1 до 6 месеци.
Ако притвореникот се смета за „опасност за безбедноста на Израел“, воениот судија може да му го продолжи времетраењето на притворот до 5 години.