Zehra Ulucak
03 Јули 2019•Ажурирај: 04 Јули 2019
АНКАРА
Дадена е наредба за евакуација на околу 800.000 лица во три градови, поради можна катастрофа од поројните дождови што го зафатија регионот Кагошима, кој се наоѓа во југозападниот дел на Јапонија, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според веста на новинската агенција „Кјодо“, властите велат дека поројните дождови го зголемуваат ризикот од поплави и лизгање на земјиштето, и дале наредба за евакуација на околу 800.000 лица од градовите Кагошима, Киришима и Аира, во регионот Кагошима.
Се вели дека е можно да бидат евакуирани уште околу 310.000 лица од различни подрачја на овој регион.
Претставниците на јапонската Метеоролошка агенција на состанокот за вонредна состојба упатија апел до населението да бидат претпазливи поради поројните дождови.