Behlül Çetinkaya
03 Јули 2019•Ажурирај: 04 Јули 2019
ИСЛАМАБАД
На меѓународниот аеродром „Аламе Икбал“ во пакистанскиот град Лахор изведен е вооружен напад во кој, според првичните информации, животот го загубиле две лица, јавува Anadolu Agency (AA).
Во веста што ја објавија пакистанските медиуми се вели дека две лица, кои со такси дошле на аеродромот, отвориле оган врз патниците.
Според информациите што ги објавил сервисот за итна помош „Rescue 1122“, во нападот животот го загубиле две лица кои се вратиле од умра (верски обред кај муслиманите сличен на аџилак). Во веста се наведува дека по нападот, двајцата осомничени, кои се именуваат како Аршад и Шан, се фатени од полицијата и префрлени во полициската станица на аеродромот.
Зголемена е безбедноста и затворени се влезовите и излезите од аеродромот.