Esat Fırat
06 Јануари 2022•Ажурирај: 08 Јануари 2022
АЛ КУДС
Израелските сили приведоа 22 Палестинци на Западниот Брег, кој е под окупација на Израел, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Емани Сарахне, координаторот за медиуми во Здружението на палестински затвореници, за АА изјави дека израелските сили извршиле рации во различни делови на Западниот Брег.
Сарахне изјави дека за време на рациите се приведени 22 лица, главно од градовите Наблус, Тубас и Рамала.
Израелските сили, кои често вршат рации во домовите на окупираниот Западен Брег и Источен Ал Кудс (Ерусалим), ги притвораат Палестинците врз основа на различни обвиненија.