Esat Fırat
23 Декември 2021•Ажурирај: 23 Декември 2021
КУДС
Израелските сили притворија 14 Палестинци на окупираниот Западен Брег, јавува Агенција Анадолија (АА).
Како што наведува палестинската новинска агенција ВАФА (WAFA), израелските сили извршиле рации во различни делови на Западниот Брег.
Во текот на рациите на Западниот Брег приведени се вкупно 14 лица, од кои повеќето во градовите Наблус и Џенин.
Израелските сили, кои често вршат рации во куќите на Западниот Брег и Источен Кудс, ги апсат Палестинците по различни основи.
Некои од Палестинците, вклучително жени и деца, се држат во центрите за притвор со денови по притворањата кои станаа вообичаена практика на Западниот Брег и Источен Кудс.