Gökhan Kavak
23 Декември 2021•Ажурирај: 24 Декември 2021
ИСТАНБУЛ
Врховниот исламски совет на Етиопија ја повика меѓународната заедница да им помогне на луѓето кои мигрирале внатре во земјата поради судирите меѓу силите на централната власт и Ослободителниот фронт на народот Тиграј (ТПЛФ), пренесува Агенција Анадолија (АА).
Претседавачот на Советот, Хаџи Омер Идрис, за актуелната состојба во земјата даде изјава за медиумите.
Истакнувајќи дека илјадници луѓе се погодени од судирите меѓу Армијата и членовите на ТПЛФ, Идрис ја повика меѓународната заедница да помогне на оние кои мигрирале во земјата.
Наведувајќи дека вложуваат напори за да се стави крај на конфликтите во земјата, Идрис нагласи дека верските лидери треба да посредуваат за ова прашање.
Претседателот на ТПЛФ, Дебрецион Гебремикаел, испрати писмо до генералниот секретар на Обединетите нации (ОН), Антонио Гутереш, во кое истакнува дека ги повлекува неговите трупи за да завладее мир.
На 17 декември Обединетите нации (ОН) ги повикаа сите страни во Етиопија да преземат итна акција за заштита на цивилите и ставање крај на кршењето на човековите права.
Хуманитарната криза се продлабочи откако бунтовниците на север на Тиграј ги нападнаа и провинциите Амхара и Афар.
Етиопската армија почна да зазема голем број области окупирани од ТПЛФ.