Ekip
08 Февруари 2022•Ажурирај: 09 Февруари 2022
РАМАЛА
Припадник на израелските сили уби тројца цивили во градот Наблус, во северниот дел на Западниот Брег, соопшти палестинското Министерство за здравство, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Министерството во соопштението за медиумите рече дека „тројцата граѓани се убиени како резултат на директно пукање кон нив, од страна на израелската окупација во градот Наблус“.
Очевидците кажаа за Агенција Анадолија дека припадник на израелските специјални сили, скриен во цивилно возило, упаднал во населбата Ал-Махфиех во Наблус и отворил оган кон палестински автомобил.
Активистите споделија видео на кое се гледа како припадникот на израелските специјални сили трча откако пука во автомобилот.
Официјалната израелска радиодифузна корпорација рече дека специјалните воени сили убиле тројца членови на „воената ќелија“ во Наблус, и потврдија дека тие неодамна извршиле серии напади со пукање во околината на градот.