Mehmet Alaca
08 Февруари 2022•Ажурирај: 09 Февруари 2022
АНКАРА (АА) - Јужна Кореја планира да вложи 10 милиони долари во развој на мотори на течно гориво со високи перформанси до следната година за да го забрза развојот на својата десетгодишна вселенска програма, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Како што наведува новинската агенција Јонхап, Министерството за наука издвои буџет од 10 милиони долари за 2022 и 2023 година за развој на технологија за производство на основни компоненти на течно гориво од 100 тони и мотор со високи перформанси како дел од вселенската програма.
Јужна Кореја во 2020 година ја објави својата вселенска програма во која ќе инвестира повеќе од 40 милиони долари до 2028 година со цел да ги осигура напредните технологии и водство во вселенската индустрија до 2030 година
Вселенската програма има за цел унапредување на развојот на ракети од нови генерации кои ќе ја заменат „Нури“, првата ракета со домашно производство, опремена со мотори од 75 тона.