Emre Gürkan Abay
08 Февруари 2022•Ажурирај: 09 Февруари 2022
КИЕВ
Министерот за одбрана на Украина, Олексеј Резников, рече дека украинската Војска ќе одржи своја вежба во време кога Русија и Белорусија ќе одржат заедничка воена вежба, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Резников за украинскиот телевизиски канал ICTV потсети дека Русија и Белорусија ќе одржат заедничка воена вежба од 10 до 20 февруари.
Тој додаде дека Украина се подготвува за воена вежба.
„И ние ќе имаме своја вежба паралелно со оваа вежба. За време на вежбата ќе се тестираат способностите на беспилотните летала Бајрактар и противтенковските системи Џавелин и NLAW“, објави Резников.
Заедничката вежба меѓу Русија и Белорусија наречена „Сојузничка одлучност 2022“ ќе започне на 10 февруари.
Руската страна претходно соопшти дека во Белорусија досега испратила два системи за противвоздушна одбрана С-400, бомбардери Су-35 и систем за ракетна одбрана „Панцир-С“.