Dmitri Chirciu
20 Март 2021•Ажурирај: 21 Март 2021
МОСКВА
Изјавата на претседателот на Република Турција, Реџеп Таип Ердоган, во врска со настанатите тензии меѓу претседателот на Русија, Владимир Путин, и претседателот на САД, Џо Бајден, наидоа на широк одзив во руските медиуми.
Руските медиуми објавија дека Ердоган го критикувал Бајден поради неговите изјави за Путин.
Руската новинска агенција ТАСС, објави вест со наслов „Ердоган рече дека се неприфатливи изјавите на Бајден за Путин“, во која се вели дека Ердоган „многу мудро му одговорил на Бајден за Путин“.
Од друга страна, новинската агенција „Риа“ објавувајќи ја изјавата на турскиот претседател во текст со наслов „Ердоган рече дека одговорот на Путин кон Бајден е многу елегантен“, наведува дека Ердоган го критикувал Бајден за неговите изјави.
Весникот „Комерсант“, кој напиша дека Ердоган дал проценка за напнатоста меѓу Путин и Бајден, објави текст за ова прашање под наслов „Ердоган: Овие изјави на Бајден за Путин се изјави што не му доликуваат на претседател на една држава“.
- Тензијата меѓу Бајден и Путин
Претседателот на САД, Бајден, на 17 март излезе со тврдење дека Путин е „убиец“ и истакна дека Русија „ќе ја плати цената“ поради мешањето на изборите во САД.
Претседателот на Русија, Путин, посакувајќи му „здравје“ на Бајден, изјави: „Давањето проценка за една земја, држава, народ или луѓе е како гледање во огледало. Таму секогаш се гледаме себеси.“
Путин му предложи на Бајден да се состанат во живо преку интернет.