Satuk Buğra Kutlugün
14 Март 2022•Ажурирај: 17 Март 2022
АНКАРА (АА) - Основачот на „Спејс икс“, Илон Маск, го предизвика рускиот претседател, Владимир Путин, на борба, пренесува Агенција Анадолија (АА).
„Со ова го предизвикувам Владимир Путин на индивидуална борба“, напиша Маск на Твитер. „Влогот е Украина“, напиша тој, пишувајќи го името на земјата на нејзиниот јазик.
Во пораката на Твитер, тој на руски напиша: „Дали се согласувате на оваа борба?“, при што го означи официјалниот профил на Кремљ на англиски јазик.
Маск ја активираше вселенската интернет-опрема „Старлинк“ за Украина кон крајот на февруари. Тој, исто така, ја покажа својата поддршка за Украина многу пати на своите профили на социјалните мрежи.
Откако Русија ја започна својата војна против Украина, повеќе од 2,69 милиони луѓе пребегаа во други земји, според проценките на ОН.
ОН бележи дека во Украина загинати се најмалку 596 цивили, додека 1.067 се повредени.
Додека ЕУ, САД и други воведоа санкции кон Москва, многу компании и светски брендови исто така прекинаа со работа во Русија.