Elena Teslova
14 Март 2022•Ажурирај: 14 Март 2022
МОСКВА (АА) - Рускиот претседател, Владимир Путин, дискутираше за ситуацијата во Украина со премиерот на Луксембург, Ксавиер Бетел, во телефонски разговор, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Путин му кажал на Бетел за „специјалната воена операција“ на Москва во Донбас и за тековните мировни преговори со Украина, се вели во соопштението на Кремљ.
На барање на Бетел, Путин „го информирал за руската воена операција за заштита на Донбас, објаснувајќи ги во детали нејзините цели, а исто така зборувал и за состојбата на тековните преговори помеѓу руските и украинските претставници“, се вели во соопштението.
Војната на Москва против Украина, што започна на 24 февруари, предизвика меѓународна осуда, доведе до финансиски санкции над Москва и поттикна истапување на глобалните фирми од Русија.
Најмалку 596 цивили загинаа, а 1.067 се повредени од почетокот на војната, според ОН, кои велат дека условите на теренот го отежнуваат потврдувањето на точниот број.
Повеќе од 2,8 милиони луѓе исто така заминаа во соседните земји, вели Агенцијата за бегалци на ОН.