Şenhan Bolelli
06 Ноември 2019•Ажурирај: 07 Ноември 2019
МАДРИД
Најмалку пет мигранти загинале како резултат на потонување на брод кој удрил во карпа. Бродот превезувал нерегуларни мигранти од Канарските Oстрови во југозападна Шпанија, пренесува Anadolu Agency (AA).
Соопштено е дека бродот превезувал нерeгуларни мигранти од Канарските Острови кон островот Ланзароте и дека потонал во близина на брегот, како резултат на удирање во карпа.
Според информациите дадени од тимовите за цивилна заштита, во бродот имало вкупно 12 нерегуларни мигранти, а по настанот четворица од нив биле спасени.
Тимовите на крајбрежната стража и жандармеријата досега стигнаа до мртвите тела на петмина нерегуларни мигранти, додека во тек е потрага по тројцата исчезнати.
Во друга драма на нерегуларни мигранти која се случи на 29 октомври, 607 километри јужно од Канарските Острови, потона брод со 29 нерегуларни мигранти. Со помош на танкер од Сингапур кој минувал во областа, 25 мигранти биле спасени, а четворица загинаа.