Orhan Çiçek
26 Февруари 2023•Ажурирај: 28 Февруари 2023
АДИЈАМАН (АА) - Меѓу монументалните зданија што ги преживеаја неодамнешните разорни земјотреси на југот од Туркије секако е импозантниот Германски мост или вијадуктот Вара, што се наоѓа во местото Ѓолбаши, во турската област Адијаман, известува Анадолу.
Мостот на реката Ѓоксу изграден е во 1929 година во рамките на проектот на железничката пруга Истанбул - Багдад, а надлежните служби утврдија дена не е оштетен во земјотресите што на 6 февруари ги потресоа јужните подрачја на Туркије.

Овој историски мост долг 280 метри и висок 35 метри, се состои од 12 столбови и 7 лакови.
Денес тој мост се користи како вијадукт на железничката пруга со која се превезува сурова железна руда од Малатија во Хатај, но моментално е затворен поради оштетувања на други делови од железничката траса.