Ekipa
16 Јуни 2019•Ажурирај: 17 Јуни 2019
ЧАНДИГАР (АА) - Бројката на починати лица како последица на Синдромот на акутен енцефалитис (AES) во источната индиска сојузна држава Бихар, од 64 лица денес се зголеми на 83, јавува Anadolu Agency (AA).
„Повеќето од жртвите се деца, а ваквиот случај е пријавен од различни области“, изјави за АА висок официјален претставник на здравството во Музафарпур, д-р Шаилеш Прасад Синг.
Тој додаде дека и од страна на здравствениот сектор се преземени превентивни мерки.
Синдромот на акутен енцефалитис е тежок случај на енцефалитис - воспаление на мозокот - кое се пренесува од комарци и се карактеризира со висока температура.
Локалните медиуми објавија дека индискиот министер за здравство, Харш Вардан, денес ја посетил болницата во медицинскиот колеџ во Шри Кришна, во Бихар, за да ја види состојбата на теренот.
Според новинската агенција АНИ (ANI), Вардан ја предводел средбата со локалните власти и се сретнал со семејствата и пациентите во таа сојузна индиска држава.