Murat Karadağ
18 Септември 2016•Ажурирај: 19 Септември 2016
ШПИНАГАР (АА) - Во нападот на сепаратистите врз воената база во Џаму и Кашмир, во Индија, загинаа 17 војници, а голем број од нив се ранети, јавува Anadolu Agency (AA).
Неименувано официјално лице на индиската војска изјави дека се неутрализирани четворица милитанти кои влегле во воената база во местото Ури и со огнено оружје и бомби го извршиле нападот на војниците.
Покрената е опсежна терористичка акција.
Во судирите на 8 јули во Џаму и Кашмир помеѓу членовите на движењето Хизбул Муџахидин и припадниците на безбедносните сили, убиен е лидерот на движењето поради што десетици илјади лица излегоа на улиците.
Во демонстрациите кои траат веќе 65 дена животот го загубија најмалку 79 лица, а повредени се повеќе од три илјади лица. На тие демонстрации често е употребуван солзавец, но и боева муниција.
Во Кашмир, кој неколку децении претставува причина на несогласувања меѓу Индија и Пакистан, во различни судири животот го загубија 70.000 лица. Сепаратистите од 1989 година вложуваат напори да станат независни или дел од Пакистан.