Adem Şalvarcıoğlu
24 Август 2018•Ажурирај: 25 Август 2018
АНКАРА (AA) - Во невремето што го погоди индискиот Мадхја Прадеш само во последните два дена смртно настрадаа најмалку 12 лица, јавува Anadolu Agency (AA).
Локалните медиуми наведуваат дека невремето трае два дена и дека во поплавите смртно настрадале најмалку 12 лица. Меѓу смртно настраданите се и четири члена на едно семејство.
Во вкупно 21 регион дошло до зголемување на нивото на реките и поплави. Во некои региони е издаден црвен аларм. Во некои региони е прекинато напојувањето со вода и електрична енергија.
Од Метеоролошкиот завод наведуваат дека невремето ќе продолжи и наредните денови.
Повеќе од 400 лица смртно настрадаа во поплавите и свлечиштата настанати по обилните врнежи во сојузната индиска држава Керала во последните три месеци.