Umur Koçak Semiz
08 Јуни 2017•Ажурирај: 08 Јуни 2017
ЊУ ДЕЛХИ (АА) - Во експлозија којашто се случи во фабрика за пиротехнички средства во сојузната индиска држава Мадја Прадеш, животот го загубија 23 вработени, јавува Anadolu Agency (AA).
Официјален претставник на полицијата, за новинската агенција „Press Trust of India“ (Прес траст оф Индија) изјави дека од засега непознати причини се случи експлозија во фабрика за пиротехника во местото Кери.
Тој соопшти дека покрај загинатите, во експлозијата се повредени и 7 лица.
По експлозијата во фабриката избувна пожар што противпожарните екипи успеаја да го згаснат по тричасовна борба со огнената стихија.
Шиврај Сингх Чохан, премиер на Мадја Прадеш, изјави дека на семејствата на загинатите работници ќе им биде исплатено обештетување од 200.000 индиски рупии (околу 3.000 долари).