Ekipa
08 Јуни 2017•Ажурирај: 08 Јуни 2017
ТЕХЕРАН (АА) - Министерот за надворешни работи на Иран, Џавад Зариф, ги отфрли тврдењата на американскиот претседател Доналд Трамп дека Иран го поддржува тероризмот, којашто Трамп ја даде по вчерашниот терористички напад во Техеран, пренесува Anadolu Agency (AA).
Претседателот на САД, Доналд Трамп, по нападите извршени во Техеран, на Иран му порача: „Оние што го поддржуваат тероризмот ризикуваат и самите да станат жртви”, а оваа реакција иранскиот министер ја оцени како „одвратна“.
Зариф на „Twiter“ (Твитер) коментарите на американскиот претседател ги нарече одвратни и ги обвини САД дека го поддржуваат тероризмот.
„Иранскиот народ ги отфрла таквите наводи на САД“, напиша Зариф.
Државните ирански медиуми објавија дека четворица напаѓачи вчера влегле во зградата на Парламентот и извршиле оружен напад, а иранските безбедносни сили започнале акција за неутрализирање на напаѓачите.
Вториот напад се случи пред турбето на поранешниот ирански верски лидер, ајатолахот Хомеини, а иранските државни медиуми јавуваат дека станува збор за самоубиствен бомбашки напад.
Одговорноста за нападите ја презеде терористичката организација ДЕАШ, а според последните податоци на иранските власти, загинаа најмалку 13 лица.