Emel Öz Gözellik
16 Мај 2018•Ажурирај: 16 Мај 2018
ЛАКНАУ (АА) - Најмалку 18 лица загинаа по уривањето на надвозник во градот Варанаси, во северниот дел на Индија, јавува Anadolu Agency (AA).
Информациите за несреќата во која загинаа 18 лица ги потврдија официјалните лица во Варанаси.
Од под урнатините се извлечени петмина повредени, од кои две лица се во критична состојба.
Повредените се префрлени во болница, а спасувачките екипи се сѐ уште на местото на несреќата.
Премиерот на Индија, Неренда Моди, на социјалните мрежи го искажа своето жалење поради несреќата, посакувајќи им на повредените брзо заздравување.