Halit Süleyman
20 Мај 2016•Ажурирај: 21 Мај 2016
ИДЛИБ (АА) - Во воздушен напад на сириската армија на на местото Хан Субил, кој се наоѓа во југоисточниот дел на сирискиот Идлиб, загинаа осум, а беа повредени 19 лица, јавува Anadolu Agency (AA).
Официјални претставници на цивилната заштита во таа област јавија дека авионот на сириската армија го бомбардирал населението, кое е под контрола на опозицијата.
Меѓу загинатите има жени и деца.
Повредените се пренесени во болниците во периферијата, а врз зградите е причинета материјална штета.