Mahmut Atanur
09 Октомври 2018•Ажурирај: 10 Октомври 2018
ЏАКАРТА (АА) - Во земјотресот што на 28 септември го погоди индонезискиот остров Сулавеси и цунамито што следеше по него, загинаа 2.002 лица, пренесува Anadolu Agency (AA).
Индонезиската агенција „Антара“, повикувајќи се на изјавите на локални официјални претставници, јавува дека 1.068 загинати лица биле закопани во три колективни гробници, а телата на 934 лице ги закопале членовите на семејствата.
Официјалните претставници истакнуваат дека бројот на повредени достигнал 4.084, а дека во подрачјата Сири, Донгала и Палу, кои најмногу се погодени од земјотресот, се оштетени 67.310 објекти.
Претходно, портпаролот на Националната агенција за управување со катастрофи (BNPB), Сутопо Пурво Нугрохо, изјави дека стравуваат за повеќе од 5.000 исчезнати.
Од друга страна, Заводот за метеорологија, клима и геофизика на Индонезија соопшти дека земјотрес со јачина од 5,2 степени го погодил подрачјето на пет километри североисточно од Палу и тоа на длабочина од десет километри. Нургохо ги повика жителите да не упатуваат внимание на содржините што се појавија на социјалните мрежи, на кои можат да се видат настрадани лица, истакнувајќи дека се направени за време на претходниот земјотрес.