Adem Şalvarcıoğlu
09 Октомври 2018•Ажурирај: 16 Октомври 2018
АНКАРА (АА) - Саудискиот новинар Џамал Кашоги во интервју што го дал три дена пред да исчезне по влегувањето во Конзулатот на Саудиска Арабија во Истанбул, тврдел дека притворените лица во неговата земја не биле дисиденти, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според веста на „Би-би-си“, новинарот на „Вашингтон пост“, Џамал Кашоги, три дена пред да исчезне на 2 октомври, учествувал на конференција во британскиот главен град, Лондон.
„Во Саудиска Арабија се случува голема промена. Ова е нешто што претходно го немаме видено. Новинарите што критукуваат, се апсат. Приведените не се ниту дисиденти. Овие случувања ги плашат луѓето“, истакнал Кашоги во интервјуто за „Би-би-си“ по оваа конференција.
Кашоги нагласи дека слушнал оти бројни негови колеги биле притворени без некоја причина, и дека затоа не се враќа во Саудиска Арабија.
„И јас сум новинар со слобода за зборување и пишување. Весникот „Вашингтон пост“ ми даде простор, и јас таму слободно ги пишувам моите мислења. Би сакал оваа можност да ми беше дадена во мојата земја“, рече Кашоги.
Кашоги е новинар во весникот „Вашингтон пост“, а давал придонес и во весникот „Ал Ватан“, кој е важна платформа за саудиските реформисти. Тој минатиот вторник исчезна откако влегол во саудискиот Конзулат во Истанбул.