Mahmut Atanur
20 Јуни 2018•Ажурирај: 21 Јуни 2018
ЏАКАРТА (АА) - Индонезиските спасувачки екипи трагаат по 178 лица, исчезнати по бродоломот на патничкиот брод во езерото Тоба, на островот Суматра, кој се случи во понеделникот, јавува Anadolu Agency (AA).
Портпаролот на индонезиската полиција, Јусри Јунус, изјави дека според последните информации, 178 лица исчезнале по потонувањето на дрвениот брод „KM Sinar Bangun“, кој се движел од Самосир кон Сималунгун.
Министерстворо за транспорт соопшти дека се формирани пет специјални екипи кои учествуваат во сеопфатните акции за спасување.
Акциите за спасување се продолжени денес, по прекинот во текот на ноќта.
Портпаролот на Националната агенција за управување со природни катастрофи, Сутопо Пурво Нугрохо, изјави дека се спасени 19 лица, а извлечено е едно тело. Сепак, се стравува дека бројот на исчезнатите би можел да биде значително поголем од податоците со кои се располага, бидејќи не е направена листа на патници.
Официјалните претставници се сомневаат дека до несреќата дошло поради неповолните временски услови и пренатрупаноста на бродот.