Şenhan Bolelli
12 Ноември 2019•Ажурирај: 12 Ноември 2019
МАДРИД (АА) - Шпанската и француската полиција заеднички интервенираа врз сепаратистичката радикална каталонска група која протестираше на Автопатот AP-7, кој се наоѓа на граничниот премин меѓу двете земји, пренесува Anadolu Agency (AA).
Шпанската и француската полиција започнаа операција изутрината врз групата Каталонци кои го блокираа патот.
Првата интервенција дојде од француската полиција за да ги растера околу 2.000 демонстранти кои го блокирале сообраќајот на автопатот. Демонтстрантите на автопатот кампуваа до утринските часови.
Француската полиција интервенираше со солзавец врз демонстрантите и се обиде да ги растера. Соопштено е дека некои од демонстрантите се приведени.
Шпанската национална полиција чекаше на шпанската страна од границата. Од друга страна, жандармеријата и екипите за итна помош од локалната полиција на Каталонија се обидуваа со предупредувања да ги убедат демонстрантите да си заминат.
На автопатот, каде што има голем број припадници на безбедносните сили, протестите продолжуваат.
Независната група наречена „Демократски цунами“ се собра во понеделникот наутро преку повик на социјалните медиуми. Толпата се собра на границата „Ла Жункера“ од шпанска страна, и го блокираше автопатот кој води кон Франција.
Носејќи каталонски знамиња во рацете и дефинирајќи ги нивните постапки како „мирна граѓанска непослушност“, групата соопшти дека 3 дена ќе ги блокираат патиштата.
Сепаратистичката каталонска група поставувајќи кампови на автопатот, сака иницијативата за независноста на Каталонија да ја донесе на меѓународната агенда.
Стотиците камиони погодени од демонстрациите формираа долги редици на автопатот.
Здруженијата на транспортните компании ја повикаа полицијата што поскоро да го отвори автопатот.