Yusuf Özcan
08 Август 2020•Ажурирај: 09 Август 2020
ПАРИЗ
Меѓународната криминалистичко-полициска организација (Интерпол) во Либан ќе испрати меѓународен тим експерти кои ќе работат на идентификација на жртвите кои страдаа во експлозијата во Бејрут, јавува Агенција Анадолија (АА).
Во соопштението на Интерпол се наведува дека на барање на функционерите од Либан, ќе биде испратен меѓународен тим експерти поради идентификација на загинатите.
Генералниот секретар на Интерпол Јунгер Сток рече дека Интерпол може да им пружи помош на функционерите и дека ќе продолжи да ја обезбедува потребната помош на Либан.
Во експлозијата која во Бејрут се случи на 4 август, според податоците кои ги соопшти министерот за здравство Хамад Хасан, загинаа 154 лица, а околу 5.000 се повредени.
Претходно гувернерот на Бејрут Мерван Абуд соопшти дека штетата настаната во експлозијата се проценува на 10 до 15 милијарди долари, можеби и повеќе.