Bayram Altuğ
11 Март 2017•Ажурирај: 12 Март 2017
ЖЕНЕВА (AA) - Бајрам Алтуг - Од јануари до март минатата година преку пат во Грција преминаа 134.048 бегалски од Блискиот исток, потврди гласноговорникот на Меѓународната организација за миграции (ИОМ) Жоел Милман, јавува Anadolu Agency (AA).
Бројот на премините во Грција во ист период оваа година значително е намален кога ќе се земат в предвид податоците во ист временски период оваа година Грција ја поминаа 2.724 бегалци.
Милиман истакна дека бројката е намалена веднаш по договорот на Турција и Европската унија (ЕУ).
„Тоа не може да се негира, бидејќи веднаш по потпишувањето на договорот дојде до драстично намалување на премините во Грција", појасни Милман.
Според неговите зборови, од јануари до 8. март оваа година преку Медитеранот во Европа преминале 19.567 бегалци. Меѓутоа, во ист период минатата година во Европа, преку Медитеранот стасаа 143. 544 бегалци.
Милман нагласи дека и покрај намалување на бројот на илегалните преминувања, бројката на смртност во водите на Медитеранот е во пораст.
Од почетокот на оваа година во обид на преминување во Европа во Медитеранот се удавија 521 бегалец. Во ист временски период минатата година таа бројка изнесуваше појасни Милман.
Порача дека оваа година имаат поголем број на смртно страдани бегалци во однос на минатата година.
Милман рече дека меѓу бегалците кои пристигнале во Италија се наоѓаат највеќе лица од Гвинеја, Нигерија, Брегот на Слоновата Коска и Бангладеш.
Според неговите сознанија државјаните на Бангладеш на криумчарите им плаќаат и 10.000 долари за да стасаат до Либија.
Преку Либија и Египет минатата година во Италија стасале 181. 436 бегалци. Живот загубиле 4.576, велат податоците на ИОМ.
Во минатата година во Грција стасале 173.561 бегалци,во Шпанија 8.162. Во обид да преминат во некоја од европските земји во водите на Медитеранот смртно страдале 5.079 бегалци.