Mustafa Keleş
11 Март 2017•Ажурирај: 12 Март 2017
ЊУЈОРК (AA) - Виталиј Чуркин, поранешен постојан претставник на Русија во Обединетите нации (ОН) почина од последиците на срцев удар, потврдија резултатите од обдукцијата, јавува Anadolu Agency (AA).
Чуркин на 20. февруари е хоспитализиран поради сомнеж дека имал срцев удар. Покрај сите напори на лекарите починал истиот ден.
Функционерите и покрај првите информации дека починал од срцев удар најавија дека ќе биде наредена обдукција за да се утврди вистинската причина за смртта.
Од форензичкиот оддел Њујорк истакнаа дека е завршена обдукцијата, но дека нема да се открие причината за смртта поради дипломатски протокол.
Семејството на Чуркин, министерот за надворешни работи Сергеј Лавров и персоналот на министерството присуствуваа на споменот на поранешниот дипломат во Централниот клинички центар во Москва.
„Чуркин ненадејно почина во Њујрок на 20. февруари, ден воочи 65. роденден", наведено е тогаш во соопштението на Министерството за надворешни работи на Русија.
Чуркин беше амбасадор на Русија при Обединетите нации од април 2006. година. Роден е во Москва на 21. февруари 1952 година.