Ali Mukarrem Garip
09 Јуни 2018•Ажурирај: 10 Јуни 2018
КИРКУК (АА) - Најмалку 1 лице загина, а ранети се 7, во бомбашките напади во ирачки Киркук, јавува Anadolu Agency (AA).
Началникот на полицијата на Киркук, Али Кемал, потврди дека бомбашките напади се извршени во близина на две различни кафетерии во центарот на градот.
Тој истакна дека неидентификуваните лица во близина на кафетериите активирале експлозивни направи.
„Загина 1, а ранети се 7 лица. Причинета е материјална штета“, изјави Кемал.
Поширокото подрачје околу кафетериите е затворено. Преземени се опсежни безбедносни мерки.