Ali Makram Ghareeb
23 Ноември 2020•Ажурирај: 24 Ноември 2020
КИРКУК (АА) – Пронајдена е масовна гробница со 50 тела, за кои се тврди дека се убиени од страна на терористичката организација ДЕАШ, во близина на областа Решад, на југот од Киркук во Ирак, јавува Агенција Анадолија (АА).
Во изјавата за АА, командантот за операции во Киркук, генерал-потполковник Саад Харбије, рече дека пронајдена е масовна гробница во која има тела на 50 лица убиени од страна на ДЕАШ, во руралното подрачје на областа Хавиџе во Киркук.
Наведувајќи дека масовната гробница е откриена за време на операциите на ирачките федерални полициски сили во регионот, Харбије истакна дека започнати се работите за извлекување на телата.
Харбије, истакнувајќи дека не е јасно чии се мртвите тела, рече дека започнала истрагата во врска со идентификацијата на лицата.
Поранешниот ирачки премиер Хајдар ал Ибади на 9 декември 2017 година соопшти дека извојувале победа над терористичката организација.
Иако поминаа три години откако терористичката организација ДЕАШ е протерана од регионот и градовите, нападите на организацијата продолжуваат, особено во руралните области на провинциите Киркук, Дијала, Мосул, Салахадин и Анбар.