свет

Ирак: Неутрализирани 6 терористи, меѓу кои и висок водач на ДЕАШ

Ал Шишани бил близок соработник на водачот на ДЕАШ, Ебу Бекр ал-Багдади, и организатор на низа неодамнешни напади на ДЕАШ во Киркук

Ali H. M.Abo Rezeg  | 09.04.2018 - Обновена : 10.04.2018
Ирак: Неутрализирани 6 терористи, меѓу кои и висок водач на ДЕАШ АА/Архива

Bagdad

БАГДАД (АА) - Најмалку шестмина терористи на ДЕАШ, влучувајќи и еден висок водач, се неутрализирани во два одделни безбедносни напади извршени во северната ирачка покраина Киркук, велат локални безбедносни извори, јавува Anadolu Agency (AA).

„Безбедносните сили го неутрализираа високиот лидер на ДЕАШ, Абу Велид ал-Шишани, во подрачје во близина на Киркук“, изјави за АА висок ирачки службеник за разузнавање под услов да остане анонимен.

Тој истакна дека Ал Шишани бил близок соработник на водачот на ДЕАШ, Ебу Бекр ал-Багдади, и организатор на низа неодамнешни напади на ДЕАШ во Киркук.

Капетанот на полицијата, Хамед ал-Обеиди, изјави дека во друга безбедносна операција, извршена во покраината Кикрук, ирачките безбедносни сили неутрализирале петмина терористи на ДЕАШ,

„Ирачките сили неутрализираа петмина вооружени лица во селото Ал-Хамра во областа Рашад, на околу 35 километри југозападно од Киркук, под сомнение дека таму се наоѓа засолниште на ДЕАШ“, изјави Ал Обеиди за АА.

Се чини дека озлогласената терористичка организација сè уште има „притаени келии“ во неколку делови на земјата, вклучувајќи ја и покраината Киркук која е богата со нафта.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın