İdris Okuducu
19 Февруари 2017•Ажурирај: 19 Февруари 2017
БАГДАД (АА) – Започна операцијата за ослободување на западниот дел на Мосул од терористичката организација ДЕАШ, јавува Anadolu Agency (AA).
„Премиерот на Ирак и Врховниот командант Хајдар ал-Ибади, даде знак за отпочнување на воените операции за ослободување на подрачјето на Ејмен (западен дел) на градот Мосул“, се вели во писменото соопштение од Кабинетот на ирачкиот премиер, Хајдар ал-Ибади.
Премиерот Ибади изјави дека во операциите за Мосул „поголем приоритет ќе има ослободувањето на луѓето, отколку на територијата“.
- Западниот дел на Мосул е опколен од 3 страни -
Според воени извори, по тоталното преземање на конторлата врз источниот дел, отворени се три фронта за повторно преземање на западните делови, ирачката армија од север, федералната полиција од југ, додека силите на шиитската милиција Хашди Шаби, коишто ги поддржува Иран, ќе дадат поддршка од запад.
Ирачкиот премиер претходно изјави дека операциите за ослободување на Мосул започнати во 17 октомври 2016 година, од 24 јануари завршиле со потполно ослободување на источниот дел од градот.
- Цивилите може да ја направат операцијата посложена-
Војската и властите предвидуваат дека ако се земат предвид тесните улици и 750.000 цивили коишто живеат таму, операцијата ќе биде уште потешка.