Fatjon Prronı
28 Март 2016•Ажурирај: 28 Март 2016
МОСУЛ (АА) – Офанзивата на ирачката армија за преземање на контрола врз градот Мосул беше прекината како резултат на лошите временски услови, соопшти денес командантот на Пешмерга, јавува Anadolu Agency (AA).
Командантот на Пешмерга на фронтот во мосулскиот регион Махмур, Зириар Весани, за АА изјави дека офанзивата на ирачката армија во околината на селото Несир, кое се наоѓа јужно од Мосул е прекината.
Тој рече дека како резултат на дождливото време во моментов прекинати се нападите врз ДАЕШ. Весани изјави дека ирачката армија презела контролата над „три села од милитантите на ДАЕШ”, во регионот на Махмур.
„Осуммина војници загинаа а преку 20 се повредени во судирите меѓу ирачките војници и милитантите”, рече тој.
Ирачкото министерство за одбрана на 24-ти март објави дека ја започнува долго очекуваната офанзива со цел преземање на Мосул, ирачкиот втор по големина град, кој беше зaземен од страна на ДАЕШ во средината на 2014 година.
Ирачката армија и сунитските сили го напаѓаат мосулскиот реон Махмур од три страни, додека силите Пешмерга имаат поддржувачка улога и како што се наведува не учествуваат во борба.
Најмалку 500 цивили го напуштија регионот контролиран од страна на милитантите на ДАЕШ и најдоа засолниште во близина на позициите на Пешмерга.