Ekrem Biçeroğlu
04 Јануари 2022•Ажурирај: 04 Јануари 2022
АНБАР
Со системот за противвоздушна одбрана е спречен нападот со беспилотни летала натоварени со експлозив на воената база Ајн ал Асад, на западниот дел на Ирак, јавува Агенција Анадолија (АА).
Според информациите добиени од ирачки воени извори, обидот за напад е спречен со системот за противвоздушна одбрана на меѓународните коалициски сили.
Силите на меѓународната коалиција против терористичката организација ДЕАШ во декември ја завршија својата мисија во Ирак.
Коалициските сили ја евакуираа базата Ајн ал-Асад во покраината Анбар и ја предадоа опремата која ја имаа на ирачката војска.
Вчера беше објавено и неутрализирање на две беспилотни летала натоварени со експлозив, чија цел беше меѓународниот аеродром Багдад во Ирак.