Ayşe Doğru
04 Јануари 2022•Ажурирај: 05 Јануари 2022
АНКАРА
Пчели ги укасаа полицајците што интервенираа на протестот на пчеларите пред Претседателската палата во Чиле, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според веста на „Би-би-си“ (BBC), пчеларите одржале демонстрации пред Претседателската палата во главниот град Сантјаго барајќи поддршка од Владата за пчеларството.
Демонстрантите поставија речиси 60 кошници со повеќе од 10.000 пчели во областа каде што демонстрираа за да ја спречат полициската интервенција.
Нагласувајќи дека исчезнувањето на пчелите значи катастрофа не само за нив, туку и за целиот свет, пчеларите побараа Владата да ги зголеми цените на медот или да им даде поддршка.
За време на протестот пчелите укасаа 7 полицајци кои сакале да ги отстранат кошниците со пчели.
За време на демонстрациите, минувачите протестираа поради тоа што во зоната на протестот се донесени кошници со пчели наведувајќи дека убодите од пчели се доволно опасни за да предизвикаат смрт кај оние што имаат алергија.
Пчеларската индустрија е сериозно оштетена во Чиле бидејќи долготрајната суша го намали изворот на храна за пчелите, како што се цвеќињата и растенијата.
Светската популација на пчели рапидно се намалува во последниве години поради многу причини како што се намалувањето на живеалиштата, загадувањето и употребата на пестициди.