Ekipa
01 Јуни 2016•Ажурирај: 02 Јуни 2016
БАГДАД (АА) - Меѓународен Фонд за деца при Обединетите нации (УНИЦЕФ), издаде предупредување до ирачката армија и ДАЕШ да се поштедат децата во средината на битката која се води за превземање на контролата на ирачкиот град Фалуџа, јавува Anadolu Agency (AA).
УНИЦЕФ во средата објави дека тоа се однесува според нивните проценки,на 20.000 деца кои биле заробени во градот западно од Багдад. Многу малку семејства успеаа да го напушти Фалуџа пред офанзивата што започна пред една недела.
УНИЦЕФ предупреди дека децата исто така се соочуваат со присилна мобилизација од страна на милитантите и ги повикаа завојуваните страни да ги поштедат децата во Фалуџа и да се обезбеди безбеден премин за оние кои сакаат да го напуштат градот.
Фалуџа е две години под контрола на ДАЕШ и е последниот голем град во западниот дел на Ирак, кои и понатаму е под нивна контролира.