Ahmet Dursun
15 Септември 2021•Ажурирај: 16 Септември 2021
АНКАРА (АА) - Иран ги обнови комерцијалните летови со Авганистан, што од средината на август е под контрола на талибанското движење, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Телевизијата „Ал Алам“ пренесува дека авион на иранската компанија „Махан ер“ слетал на Меѓународниот аеродром во Кабул и дека ова е прв комерцијален лет што пристигнал во Авганистан откако талибанците ја презедоа контролата.
Меѓу 19-те патници што пристигнаа во Кабул од иранскиот град Мешад имаше ирански дипломатски претставници назначени да работат во Авганистан.
Комерцијалните летови меѓу Иран и Авганистан беа прекинати на 16 август, по еден ден откако талибанците ја презедоа контролата врз Кабул.