Ahmet Dursun
28 Јули 2022•Ажурирај: 29 Јули 2022
АНКАРА (АА) - Претседателот на Управата за атомска енергија на Иран, Мохамад Еслами, изјави дека во нуклеарната централа во Есфахан ќе биде изграден нов истражувачки нуклеарен реактор, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според Иранската официјална новинска агенција ИРНА, Еслами посетил постројка за збогатување ураниум во провинцијата Есфахан.
По тој повод најави изградба на нов истражувачки нуклеарен реактор.
Како што изјави Еслами, истражувачкиот реактор кој ќе биде изграден за спроведување тестови на гориво за другите реактори, ќе биде сместен во состав на Центарот за нуклеарна технологија во Есфахан, еден од најголемите нуклеарни објекти во државата.
Еслами посочи дека проектот ќе се гради целосно со домашни капацитети.
Тој додаде дека сакаат да го зголемат капацитетот на домашните електрани за да ја унапредат нуклеарната програма на Иран и дека има погодни области за нови нуклеарни централи, особено на југот на земјата.
Еслами особено нагласи дека иранската нуклеарна програма се спроведува исклучиво за мирољубиви и цивилни цели.